Битола и Македонија деновиве се центар на филмските случувања на Балканот. Ѕвездата на големиот филмски хит „Кил Бил“, Дерил Хана, воодушевува со својата грандиозност и скромност. И покрај големото име, таа се однесува скромно и срдечно. Веќе даде неколку интервјуа за македонските медиуми, а вчера одржа и прес конференција. Говореше за својата кариера, улогите плановите.


Дерил Хана

Започнав да се интерсирам за филмот уште како дете. Читав многу книги за тоа, но мајками не беше многу среќна кога ја добив првата улога. Снимив повеќе филмови, а дури потоа почнав да земам часови по глума, ги опиша почетоците на својата кариера, Дерил Хана.


Дерил Хана во друштво на американскиот амбасадор Рикер и Лабина Митевска

Дерил Хана е и продуцент и режисер, активист е за заштита на животната средина и борец за човекови права. Педесет годишната Хана која плени со својата убавина, вели дека  ужива во гостопримството што и го пружија Битола и Македонија. Таа ги разгледа историските знаменитости на градот и го посети античкиот град Хераклеа, каде како што им изјави на новинарите го видела најубавиот мозаик.


Македонска премиера на „Мајки“ во Битола

Почетокот на фестивалот  „Манаки“ минува во знак на македонскиот режисер Милчо Манчевски. Во Битола се случи македонската премиера на неговото најново филмска остварување „Мајки“ кое во голем дел се занимава со случајот на кичевскиот новинар и серијата убиства во овој град. Манчевски вели дека филмот не е за Македонија, туку од Македонија.


Милчо Манчевски

– Се што сметавме дека треба да влезе во филмот за да се потенцира поентата на филмот е влезено во филмот. Како тоа ќе се толкува од секој гледач, обичен или од некоја институција, не зависи од мене и јас немам такви очекувања. Ние во филмот се занимаваме со вистината или многу повеќе со природата на вистината, или како таа ја составуваме во главата, како ја перцепираме и интерпретираме, рече Манчевски на средбата со новинарите.

Филмот „Мајки“ е македонски кандидат за Оскар.

OhridNews
фото: Емилио