Општина Охрид за денеска има организирано пригоден настан со кој ќе бидат одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил.

Предвидено е во рамки на настанот точно на пладне да биде изведена драмата „Херувимите на Самоиловата круна“ од македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското –драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска.

Исто така предвиден е музички настап на учениците од ООУ„Ванчо Николески“ под ментрство на Марија Крцоска и Маријана Крстаноска.

Настанот ќе го проследат учениците од седмите одделенија од општинските основни училишта, информираат од Општина Охрид.

Предвидено е настанот зависно временските услови да се одржи во Самоиловата тврдина или како алтернатива во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12 часот.

OhridNews