Позната локација, нова понуда и енергија која ќе внесе гурманско освежување на ривиерата, во секој поглед. Охридската угостителска мапа сега е побогата за ресторанот „Лихнидија“ кој свечено беше отворен синоќа во населбата „Св. Стефан“.

Сакавме ресторанот да носи автентично, македонско име. Од неколкуте кои ги имавме предвид, се издвои „Лихнидија“, ни открија од менаџерскиот тим на ресторанот.

Покрај името и одличната местоположба на брегот на Охридското Езеро, ресторанот „Лихнидија“ има и исклучителна понуда, внимателно одбрана од Шефот на кујна кој во Охрид ја носи гастрономска магија од азурниот брег.

„Лихнидија“ ќе функционира како класичен ресторан во кој ќе може да се вкусат чорби, специјалитети, национални јадења, квалитетни домашни сирења, мезиња, риба, а уникатна ќе биде понудата на фамилијарни јадења од месо и италијански специјалитети подготвени од нашиот италијански Шеф на кујна. И, што е најважно, квалитетна услуга по многу пристапни цени, посочуваат од ново отворениот ресторан.

Ресторанот“ Лихнидија има сопствен паркинг и капацитет за околу 400 гости, по двесте во внатрешниот, топло уреден простор и на терасите на повеќе нивоа надвор покрај езерото. Отука и можност за организација на пригодни настани.

На понудата ќе има и жива музика со квалитетни изведувачи од земјава, но и дегустации на вина и концептуални кулинарски настани подготвени од нашиот Шеф, најавуваат од „Лихнидија“.

Отворањето на ресторанот „Лихнидија“ мина во опуштена и ведра атмосфера со одлична музика во изведба на групата „Сарај“.

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски