Вo среда на 6 ноември со почеток во 19 часот охридските ракометари на домашен терен ќе се сретнат со струмички Зомимак во осмата рунда од Супер лигата.
Тимот на Зомимак сезонава е аспирант за висок пласман, а за квалитетот на ракометарите во екипата говори стопроцениот ефект во елитното ракометно друштво.
За охриѓани кои не се предаваат предвреме ова е последен натпревар пред домашната публика за првата полусезона од Супер лигата.
Во четирите натпревари одиграни пред охридската публика избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски имаат забележано три победи и едно реми.
Мх.П.