Екипата на Охрид претпладнево го совлада Ловќен убедливо со 42:25 (22:15) и го освои 7 место на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“.
Црногорската екипа беше рамноправна само во првите 15 минути од натпреварот. Охрид го презеде водството во 17 минута и постојано го зголемуваше. Тренерот Алушевски шанса на овој натпревар им даде на повеќе млади играчи кои акумулираа драгоцено искуство.
За играч на натпреварот беше прогласен Крсте Андоновски од ГРК Охрид кој мечот го заврши со 5 постигнати гола.
Статистика ГРК Охрид: Ојлески, Андоновски 5, Мацуока 1, Костов 5, Шипинкоски 3, Б. Ристевски (5 одбрани), Н. Ристески 3, Бура 5, Тасески, Шафранко 2, Крстевски 2, Пешиќ 3, Орјоникидзе 4, Бојаниќ 4, Цирар 4, Николоски 1, Ѓорѓески (4 одбрани).
Статистика Ловќен: Ѓурковиќ 2, Станојевиќ 2, Перишиќ 2, Пајовиќ 2, Лаличиќ 1, Радојчиќ 1, Чировиќ, Радовиќ 2, Бориловиќ (5 одбрани), Божовиќ 1, Вујовиќ (2 одбрани), Петричевиќ 5, Вуковиќ, Брновиќ 7, Рачковиќ 4.
Во тек е натпреварот за 5 место во кој се среќаваат српските екипи Динамо Панчево и Партизан. Попладне од 17:45 часот се игра натпреварот за 3 место помеѓу Целје и Олимпијакос, а од 20 часот во финалето ќе се сретнат македонските претставници Алкалоид и Вардар 1961.
Г.М.
Фото: А. Момироска