Во координирана акција на МВР, Управата за јавни приходи, Царината и уште неколку служби денес во повеќечасовна акција од повеќе дуќани низ градот беа запленети повеќе илјади незаконски копии на ЦД-а (14.000 парчиња) и ДВД-ја (3.000). Две продавници во кои се продавале „пиратски“ це-деа и тоа „ЗЗ Топ“ и „Кукузел“ (обете на ул. Цар Самоил) се времено затворени на 30 дена. Повеќето од инспекторите вклучени во акцијата биле од Охрид, но имало и од Скопје. Ова не е прва ваква акција во Републиката. Пред Охрид имало вакви „посети“ и во Скопје, Велес, Битола, Куманово итн. Запленетите ЦД-а ќе бидат префрлени од складот на МВР-Охрид во Скопје и уништени на Дрисла.

С.К.