Во пресрет на самитот на претседатели на земјите од Централна Европа што во мај ќе се одржи во Охрид, кој воедно ќе ја најави главната туристичка сезона, градот забрзано се уредува. Во тек е голема акција за рaсчистување на крајбрежјето, а најавени се и повеќе проекти за разубавување на центарот на градот. По акциите за расчистување на отпадот во Свети Наум, Љубаништа и Пештани, деновиве слична акција ќе биде реализирана на потегот  во Трпејца и Св Стефан.

Покрај ова најавени се и неколку интервенции во централното градско подрачје. Денеска ќе започне уредувањето на улицата „Цар Самоил“ каде ќе се врши санирање и фугирање на камената коцка и подигање на шахтите на потребната висина на коловозот. За да се обезбеди непречено, континуирано и квалитетно извршување на работите, улицата до 11 април  ќе биде затворена за сообраќај.

Покрај овие зафати, градоначалникот на Охрид најави и рекоинструкција на  централниот плоштад. Покрај адаптацијата на пристапните влезови ќе се отстрани зелениот појас и ќе биде вратен дел од стариот камен, најави Петрески.

ohridnews