На сцената на Пивофестот ќе се појават Слаткаристика, Владо Јаневски, Деј Оф, Фанкипанкс, Саутхпарк, БетаХаус, Паинтед, АјКју, Дуле и Коки, Агушеви Оркестар, Кочани оркестар.
-Секој ден во периодот од 17 часот и 30 минути до 20 часот и 30 минути ќе се одвива така наречената Журка после плажа на која музика ќе пуштаат македонски диџеи. Потоа ќе следуваат настапи на бендови и оркестри. Пред крајот, посетителите ќе имаат можност да се забавуваат со ретро хитовите од 70 тите,80 тите и 90 тите години- велат организаторите.