Преполни шеталишта, кафетерии, ресторани, тераси, бродови и катамарани, закрчен сообраќај, гужва во маркетите и дуќаните во чаршијата. Вака изгледаше Охрид денеска во очи дочекот на Нова година.
Сместувачките капацитети во градот се речиси целосно исполнети, во најголем дел со гости од соседството. Најбројни се туристите од Србија, Црна Гора и Бугарија, а ги има и од Косово, Грција и од други земји.
Угостителските објекти за најлудата ноќ, како и за првиот ден од новата година се резервирани и се бара место повеќе. Понудата е разноврсна, од свирки во живо и диџеи до организиран дочек на градскиот полоштад каде за дочекот на Нова година настапуваат Камелеон, Ѓоко Танески и Ефто Пупиноски.
Г.М.