Охрид претрпе пораз во последниот натпревар во натпреварувачката 2009-та во Првата македонска футсал лига. Во 12-тото коло од групата „Б“ во Прилеп лидерот на табелата Хедис на свој терен го совлада Охрид со 5:3.


Два пати Ранготов, Мурџоски ја погодои сопствената мрежа, а еднаш Георгиев и Јованоски погодија за домаќините,  додека за охриѓани погодија Стојановски и два пати Мурџоски.

Последните две кола по групи, пред плеј-оф фазата ќе се играат на крајот од јануари.

М.П.