Најголемиот автопревозник, АД „Галеб“ Охрид, го зголеми бројот на линии за првомајските празници кон и од Охрид. Како што информираше директорот за сообраќај во компанијата, Димитар Василески, во текот на вчерашниот ден биле пуштени шест вонредни автобуси на релација Скопје – Охрид, како и еден дополнителен автобус кој сообраќа од Источна Македонија кон Охрид. Автобуситите од преостанатите дестинации кон Охрид, вчера, биле преполни.

Од „Галеб“ информираат дека зголемен е интензитетот на сообраќај и патници и на локалните линии.

Вонредни автобуски линии во меѓуградскиот превоз ќе има и во недела, кога се очекува гостите да отпатуваат од Охрид.

Зголемен обем на работа има и најголемиот производител на леб и печива АД „Жито Леб“ Охрид.

Од компанијата информираат дека специјализираните продавници и млечните ресторани на „Жито Леб’ во продолжениот празничен викенд работат со полно работно време, а зголемена е дистрибуцијата на леб и печива во сите продажни места во градот и големите маркети каде можат да се најдат производите на охридскиот пекарски бренд.

OhridNews