Ансамбли од целата држава учествуваат на 28-те Охридски староградски средби, што вечерва се одржуваат во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Љубителите на изворната музика годинава имаат можност да ги чујат и видат изведбите на градскиот хор при центарот, ЗПК Куманово и Културно уметничко друштво Ѓоко Симоновскпеачката група “Весела Тајфа” од Богданци, здружението на граѓани-Градски хор од Штип, КУД Далги ЗП Охрид и Дебрца, ансамблот за народни песни “Вања Лазарова” од Скопје, ансамбл Љупчо Љубен Кумбароски и Струшки Бисери од Струга, ВИС Орнаменти од Штип, староградски тамбурашки оркестар Дом на култура “Лазар Софијанов” од Кратово, како и ЗП Пере Тошев – Прилеп.

Фестивалот на староградски песни во Охрид е востановен во 1974 година. Непрекинато се одржувал до 1994 година, а возобновен е во 2008 година. Манифестацијата ја организира Центарот за култура „Григор Прличев“ со поддршка на Министерството за култура.

OhridNews