Охрид викендов за разлика од другите краеви во земјата беше облеан во сонце. Продолжениот празничен викенд донесе и бројни гости, но и многу манифестации и културни случувања. Вообичаено најфреквентно беше во центарот на градот. Делегации на градот и институции се поклонија пред споменикот на словенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. На дваесетина метри оттаму „Форд“ ја презентираше својата понуда. Мажите се забавуваа во импровизираниот бар под шатор, додека сопругите ги надгледуваа малечките во забавната зона. Охрид во мај е вистинска инспирација и за уметниците. Затекнавме сликарка од Јапонија на брегот која ја бараше својата инспирација.
На поклонение пред светителите
Форд ја истакна понудата
освежување под шатор
безгрижна забава
Охрид вечна инспирација