Охридските ракометари натпреварите во Купот на Македонија во Скопје ќе ги одиграат во вторник 21 април во „Јане Сандански“.


Домаќин на мечевите е актуелниот шампиот во Купот, Вардар, кој и сезонава е фаворит за освојување на титулата.

Охриѓани во првиот меч ќе се сретнат со ракометарите на Прилеп, а победникот од овој дуел ќе се судри со подобриот од вториот помеѓу Вардар – Борец.

Натпреварите се играат во еден ден, а победникот од мини турнирот обезбедува пласман на завршницата во Купот на Македонија.

Мх.П.