Охрид го завзема високото 4-то место по бројот на кривични дела од областа на семејното насилство. Според податоците на МВР, во Македонија во 2008 година биле регистрирани 378 кривични дела од областа на семејното насилство, од што 43 во Охрид. Минатата година кривичните дела бележат зголемување за 20%, најголемиот дел од нив се регистрирани во главниот град -110, потоа следат Битола со 57 и Тетово со 54.

Според структура на кривичните дела, најбројни биле кривичните дела против животот и телото. Во наведениот период регистрирани се  седум убиства, по две во Охрид и Велес и по едно во Куманово, Скопје и Прилеп.
 
За извршените кривични дела се пријавени  378 сторители, од кои 349 или 92,3% се мажи, а само 29 или 7,7% се жени. Според роднинската врска, најчесто сторители на кривичните дела се сопрузите-215 кои вршеле семејно насилство врз своите сопруги, односно најчесто телесно ги повредувале, а потоа синовите-56, кои телесно ги повредувале своите родители, почесто мајките. Најчести жртви на семејно насилство се жени-310, но и 68 мажи, а според роднинската врска, жртви се 204 сопруги, 64 родители, потоа 33 деца, 19 поранешни брачни другари, 18 лица кои со сторителите биле во вонбрачна заедница, седум сопрузи и 33 останати роднини.

Во текот на оваа година, во Македонија се регистрирани 730(770) прекршоци, од што 70% биле „малтретирање на друг во стан“. СВР Охрид регистрирал 72 прекршоци од што во Охрид-40, Кичево-18 и Струга-14. При извршување на прекршоците-276 сторители биле под дејство на алкохол, 14 под дејство на дрога, додека 140 извршиле малтретирање како резултат на психичко растројство.

Ohridnews