Траорна атмосфера денеска владее во целата државата поради големата трагедија што се случи во Кочани каде во пожар животот го загубија 59 млади лица. Тажна е атмосферата и во Охрид чии жители сочувствуваат со семејствата на жртвите од оваа незапамтена трагедија. Државното знаме на јарболот во центарот на Охрид е на половина копје.

Владата попладнево на седница донесе одлука да биде прогласена седумдневна жалост на територија на целата држава.

Г.М.