туристи кои вчера пристигнаа во Охрид и се сретнаа со претствници на
здружението „5-ти Септември“ кое го организираше нивното доаѓање. На поменот ќе присуствува Цветелина Костова – секретар на општината Антон од каде потекнуваат осум од нстраданите туристи. Таа изрази задоволство од приемот и гостопримството на Охрид и изрази надеж дека ќе се дознае вистината за големата трагедија за која медиумите во Бугарија и Македонија различно информираат.
Бродот „Илинден“ потона во водите на Охридското Езеро на 5-ти септември во 10.37 часот, при што животот го загубија петнаесет бугарски туристи. Специјален тим на хрватската компанија „Дубина“ го извлече бродот „Илинден“ од дното на езерото за да се изврши вештачење кое треба да ги открие причините за најголемата бродска несреќа во Македонија. Според најавите вештачењето што треба да го извршат експерти од машинскиот факултет во Скопје и стручни лица од Хрватска и Словенија ќе започне денеска, со што ќе биде комплетирана истрагата за несреќата за која засега се товари само капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филески“ кој е во притвор.