По осумнаесетти пат, во екот на главната летна туристичка сезона , во Охриди Струга, се одржува интернационалниот детско-младински фолклорен фестивал, ,,Здравко Банар”.

Во рамките на фестивалот, се организираат мноштво активности и концерти, секоја година – од април па се до октомври.

Синоќа, на градскиот плоштад “Св.Климент Охридски” на концертот, односно изведбите и импресивниот колорит на носиите, уживаа голем број туристи од земјата и светот. Тие, ја имаа можност, на едно место, да се запознаат со фолклорот на Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Русија, Република Српска, и Турција.

Фестивалот продолжува до крајот на месецов, а наредниот концерт ќе се одржи на истата сцена во Охрид, на 18. август.

– Целта на овие фестивалски манифестации е да се зачува и збогати нашето фолкорно наследство, како и летната културна понуда на двата наши, крајезерски туристички центри- Охрид и Струга. Низ разновидни песни, игри и обичаи, се гради мост на пријателства помегу земјите и народите, а истовремено се оживува минатото, поврзувајќи не со сегашноста, вели организатор на фестивалот “ФА Охрид 2010“, директор и голем ентузијаст, Здравко Јакимоски.

Веле Митаноски