Ракометарите на Охрид без обврска, но со голема одговорност гостуваат во Прилеп кај истоимената екипа во 16-та рунда од Супер лигата.


„Гладијаторите“ со триумфот над Пелистер минатото коло се искачија на врвот и математички го обезбедија учеството во плејофот, затоа одговорноста ќе биде голема во охридскиот состав на гостувањето во Прилеп.

На домашниот состав неопходни му се бодовите за продолжување на трката со Борец и Радовиш за четвртата позиција која води во плејофот што гарантира квалитетен натпревар в сабота со почеток во 19 часот.

Двојки: Вардар Јуниор – Металург 2, Пелистер – Борец, Пролет – Работнички, Еурофарм Работник – Радовиш, Прилеп – Охрид.

Табела: Охрид 34, Пелистер 34, Еурофарм Работник 31, Борец 26, Прилеп 23, Радовиш 22, Пролет 19, Металург 2 18, Вардар Јуниор 11, Работнички 0.

OhridNews