Охрид изгледа прекрасно оваа година, е коментарот на неговите жители кои се едногласни дека оваа Нова Година најубавиот град во земјава ќе биде соодветно украсен.

Украсувањето на градот е при крај, а Охрид навечер изгледа величенствено. Центарот и чаршијата се полни со разни украси и мотиви кои пленат, па човек едноставно не може да остане рамнодушен. Добро е еднаш и ние да направиме нешто како што треба, коментираат охриѓани.


брод “на суво“ во центарот на градот

Финишира и украсувањето на чаршијата која со ѕвезденото небо навечер изгледа побогато, а во тек е и украсувањето на околните дуќани и кафетериите со што новогодишната слика ќе биде потполна.


новиот изглед на чаршијата

Елката е поставена на плоштадот на 31 декември охриѓани и бројните гости ќе се забавуваат под отворено небо.


новогодишната елка е поставена на плоштадот


Повеќе слики: Фото галерија