Сезона за паметење за напаѓачот Игор Клечкароски кој со Охрид успеа да обезбеди пласман во првата лига, а со 21 постигнат гол беше најдобриот стрелец во лигата.
– И покрај сите проблеми со кои се соочивме во текот на сезоната успеавме да се избориме за влез во првата лига што преставував огромен успех за сите нас, како за екипата и за мене лично – вели Клечакароски кој истакна дека исполнета била зацртаната цел пред стартот на шампионатот.
Охриѓани негуваа напаѓачки фудбал, во најголемиот дел од натпреварите први го “кршеа“ отпрот на противниците, секако покрај тимската работа , еден од најзаслужните беше најистурениот во нападот Клечкароски.
– Најдобриот меч кој го одигравме сигурно беше онај против Миравци кој го добивме со тениски 6-0. Во посебно сеќавање ми остава дерби мечот со Тиквеш, кој благодарение на хет-трикот широко ја отворивме вратата кон првата лига – потенцираше популарниот “Клечкаp“ кој напомена дека вистинско задоволство било да се игра покрај искускниот Антонио Нически – Шајка.
Настапите во првата лига ќе бидат огромен предизвик за стружанецот кој истакна дека Охрид ќе биде во “пол“ позција за неговиот потпис наредната сезона.Нема да брза со својот ангажман а како што вели отворен е за нови понуди.
–
Имам неколку понуди од други клубови, но приоритет им давам на преговорите со Охрид. Нема да брзам и ќе ја одберам најдобрата понуда за мене, онаму каде што ќе може повеќе да напредувам во мојата кариера – завршува Клечкароски.
Клечкароски во својата кариера, покрај дресовите на Охрид и Караорман, на кратко беше дел од битолски Пелистер и тетовска Шкендија.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com