Делови од централното подрачје се украсени, а во градот веќе се чувствува празнична атмосфера. Во новогодишно руво е и Булеварот „Македонски Просветители“ каде вечерва се поставуваа светлечки реквизити.

Украсени се и делови од центарот и градскиот кеј, како и кружните текови низ градот. Украсувањето се одвива етапно и наскоро треба да биде целосно завршено.

Г.М.