Ракометниот клуб Охрид заедно со Пелистер, Металург 2, Работнички, Преспа и Текстилец ќе ги продолжат натпреварите во плејаут лигата.
Охридските ракометари со 25 бодови се наоаѓаат на првата позиција на табелата и уште не почната борбата за опстанок тие веќе го имаат обезбедено.
Целите беа многу повисоки за сезонава, сепак охридскиот клуб отиде чекор напред откако минатата година опстанокот беше изборен по одигрување на речиси половина натпревари.
Распоредот на натпреварите дополнително ќе биде објавен, а борбата за суперлигашки живот ќе биде меѓу Работнички, Преспа и Текстилец.
Табела : Охрид 25, Металург 24, Пелистер 18, Работнички 11, Преспа 6, Текстилец 4.
Мх.П.