Од 10-ти до 14-ти октормври, во хотелот Нова Ривиера во Охрид ќе се одржи четвртиот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак 2019.

Од Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак, организатор на настанот, најавуваат дека на големиот кулинарски настан ќе присуствуваат околу четиристотини учесници – натпреварувачи, судии и почесни гости и гастрономски амбасадори од многу земји.

Натпреварот оваа година ќе се одвивапод мотото “Don’t Worry, Be Ohrid!” (“Не се грижи, биди Охрид!”), а е логистички поддржан од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот.

  • Со оглед на одличните одгласи во пошироката јавност за нашите проекти од минатите година, почестени сме да ве информираме дека оваа година манифестацијата ќе ја поткренеме на уште повисоко рамниште! Светската гастрономска јавност со месеци зборуваше во суперлативи за минатогодишниот настан, така што и годинава, во Охрид, мораме да го одржиме и да го надминеме заслуженото реноме. Со домаќините, општината Охрид и Хотелот Нова Ривиера, сигурни сме дека и оваа година ќе направиме настан за долго паметење, изјави Адријана Алачки, Претседателкатана ГастроМак.

ГастроМак 2019 ќе биде годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од глобални размери, а нашата земја ќе ја има честа поворно да угости великани во светската гастрономијата, познати шефови и натпреварувачи од неколку континенти.

  • Овој настан има за цел да јапоттикне и унапреди гастрономскатапонудаи да ги промовира техниките за подготовка на храна, кои ги применуваат најпознатите светски готвачи. Ние како локална самоуправа и јас како градоначалник, секогаш ќе бидеме подготвени за поддршка на вакви настани, кои се во насока на промоција на Охрид како туристички центар и настани кои придонесуваат за збогатување на туристичката понуда на нашиот град надвор од шпицот на летната туристичка сезона”, изјави градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

Одговорните во Хотелот Нова Ривиера се убедени дека ќе бидат и повеќе од добри домаќини на светската гастрономска елита.

  • Ќе направивме сè што е можно и неможно организацијата и натпреварувањето на ГастроМак 2019 да помине во најдобар ред, сите од тука да си отидат со позитивни впечатоци и да посакаат повторно да се вратат”, вели директор на Хотелот Нова Ривиера, Јане Тодороски.

Како единствена и ексклузивна национална асоцијација која што и формално ја претставува државата во интернационални рамки под закрилата на WACS, во ГастроМак нагласуваат дека целта на Асоцијацијата е да се грижи за богатата гастрономска традиционална култура на нашето македонско поднебје, како и промоција и воведување на светските кулинарски трендови во чекор со современата македонска кујна.

OhridNews