Фудбалерите на Охрид забележаа значајна победа во четвртата рунда од Општинската лига совладувајќи го тимот на Лакочереј во дербито со 2-1.
Мрежите на средбата во првиот дел мируваа, а Охрид во вториот со погодоците на Ване Никодиноски и Даниел Огненоски стигна до капитална предност 2-0.
Домаќините преку искусниот Величе Ѓоршески го намалија резултатот, но не успеаја да извлечат бод и да се спасат од пораз прв сезонава.
Мх.П.