По тој повод децата од предшколските установи и основните училишта изведоа повеќе музички точки и ги пееја песните на Тоше. Тие на нивните сиромашни другарчиња им делеа играчки, со што го продолжија хуманиот пат на Тоше.
Во рамки на манифестацијата што се одржа во организација на Црвениот крст од Охрид на социјално најзагрозените деца од градот им беа доделени пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена.