Денот на Светите Кирил и Методиј, 24-ти мај, на пригоден начин се одбележува и во Охрид, лулката на сесловенската писменост.

Чествувањето на денот на сесловенските просветители и учители на Свети Климент Охридски, патронот на Охрид се одвиваат во градскиот парк, каде делегација на општината и други институции утрово положија цвеќе пред споменикот на Солунските браќа.


Во пригодната програма учествуваат ученици од неколку основни училишта и Музичкото училиште „Методи Патче“ од Охрид.

Ohridnews