Денот на Светите Кирил и Методиј, 24-ти мај, на пригоден начин ке се одбележи во Охрид, лулката на сесловенската писменост.

Чествувањето на денот на сесловенските просветители и учители на Свети Климент Охридски, патронот на Охрид, во организација на локалната самоуправа, ќе се одвива во Градскиот парк в недела со почеток во 10 часот.

Во пригодната програма, покрај полагањето свежо цвеќе од страна на делегации на Општината, образовните и културни  и јавни институции, ќе учествуваат ученици од неколку основни училишта и Музичкото училиште „Методи Патче“ од Охрид.

Ohridnews