просветители и учители на светите Климент и Наум.
По тој повод пред споменикот на солунските браќа во градскиот парк, денеска ќе се одржи пригодна свеченост. Ќе се чита ученички есеј за
значењето на делото на Св. Кирил и Методиј, а претставници од Општина
Охрид, училиштата и образовните институции од градот, асоцијации
и институции, здруженија на граѓани и дипломатски претставници, ќе
положат свежо цвеќе пред споменикот во градскиот парк.
Свеченоста
по повод одбележувањето на Денот на словенските просветители ќе
продолжи на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ каде ќе се одржи културно забавна програма со учество на ученици од
охридските училишта. Предвидено е градоначалникот Александар Петрески ,
на 50-тина ученици од охридските основни и средни училишта кои во текот
на оваа учебна година освоиле меѓународни и државни признанија и
награди, да им врачи пригодни подароци.