Одбележувањето на денот на херојската погибија на големиот македонски револуционер од Охрид, Христо Узунов,  ќе започне вечерва  со свечена прослава на патрониот празник на  ОУ „Христо Узунов“, што ќе се одржи во Центарот за култура во 19ч.

На свеченоста покрај богатата културно уметничка програма, поздравно обраќање ќе имаат директорката на училиштето  Оливија Пирузева – Јанева и градоначалникот Александар Петрески, а на најдобрите ученици ќе им бидат врачени награди.

По повод денот на херојската погибија на Христо Узунов-24 април, делегација на градот Охрид утре ќе положи цвеќе на спомен бистите на Христо Узунов и Методи Патче во градскиот парк и ќе се поклони на гробот на Узунов во селото Цер Кичевко.

ohridnews