Охрид ќе биде домаќин на Меѓународната културна манифестација Александар Македонски.

Манифестацијата ќе започне утре, во 18 часот и 45 минути во Центарот за култура Григор Прличев, со отварање на изложба на етнолошки материјали од Колекцијата на Благородна Јосифоска. Потоа следува Трибина- Животот и делото на Александар Македонски низ творештвото на Ангелина Мархус, која ќе се одржи во изложбениот салон на центарот. 

Во 20 часот ќе се одржи дефиле на учесниците низ градот и охридската чаршија, а  еден час подоцна следува настап на фолклорните групи ДМКН „Александар Македонски “ Охрид, Вокална група „ ЛАН, Машки октет„ ВИТИС Метлика-  Словенија, КУД „ Бранимир-888 Муч- Хрватска, ФА „ Бор“ Бор- Србија, КУД „Руен- Кочани, а на платото пред центарот, со почеток во 21 часот, солистички настап ќе има Симеон Иванов Канго.

Ohridnews