На симболичен начин Охрид денес го одбележува 17 Ноември, Меѓународниот ден на предвремено родените деца.

Следните два дена центарот на Охрид и неколку атрактивни објекти во стариот град ќе бидат обоени во виолетова боја, заштитен знак на предвремено родените деца. На овој начин Охрид и Македонија се придружуваат кон големата мрежа од над 200 градови во 80 земји во светот, кои на симболичен начин ја подигаат јавната свест и даваат поддршка на фамилиите кои се соочуваат со овој феномен.” – истакна Проф. Д-р Зоран Тунтев, член на ЛК Лихнидос и иницијатор на акцијата.

Градоначалникот Д-р Кирил Пецаков ја поздрави акцијата и нагласи дека станува збор за глобален проблем, кој секоја година добива се’ поголемо значење.

Според податоците од Светската здравствена организација, во просек секое десетто дете во светот се раѓа предвремено. Во апсолутни цифри, станува збор за над 15 милиони предвремено родени бебиња.” – потенцираше градоначалникот Пецаков.

Предвреме роденото дете е новореденче кое е родено пред навршени 37 недели од бременоста. Во истата група порано се сврстуваа и новороденчињата полесни од 2500 грама. Овие две групи новороденчиња спаѓаат во ризични бебиња и бараат посебна нега и надзор.

Недоносено новороденче е водечка причина за неонатална смртност, а предвременото хоспитрализирање е најчеста причина за хоспитализација на бремената жена.

OhridNews