Општина Охрид во Новата 2008 година ќе влезе со рекорден буџет кој изнесува 559.050.000 денари, или нешто над 9 милиони евра.
Советот на општина Охрид на 48-та седница го подржа вака проектираниот буџет кој е најголем во историјата на Охрид.
Минатата година буџетот на Охрид изнесуваше 453 милиони денари, кој како што официјално соопшти локалната администрација бил реализиран 78,8 %.
Градоначалникот се оправда дека ваквата неискористеност на буџетските средства се должи на нереалната проекција на Советот, но тоа не му пречеше годинава да предложи уште поголем буџет.
Г.М.