Финските туроператори имаа можност да се запознаат непосредно со туристичките потенцијали на Македонија, хотелските капацитети и аеродромот во Охрид. Како резултат на тоа, нивната управа донесе одлука Македонија да ја стават во нивната програма за 2011година.
Овие денови престојуваше уште една екипа од Ауринкоматкат чија задача беше потпишување договори со хотелите на Охридско-Струшкото крајбрежје што тие сами претходно ги одбраа. Преговорите со неколку хотели успешно завршија, се склучија договори при што за првпат, во македонскиот туризам, се отвара можност следната година да се воспостави чартер лет на релација Хелсинки-Охрид, кој би започнал од 1- ви јуни и би траел до крајот на август 2011 година.
За таа цел Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот следната 2011година ќе учествува на саемот за туризам кој се оддржува во Хелсинки во периодот од 20-23 јануари 2011година.
Воедно, ќе се реализираат повеќе активности- студиски патувања за финските новинари во Македонија, промоција во печатени медиуми и други активности.