На градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“ во Охрид, викендов се одржува Државно првенство во пливање.

На прввенството учествуваат 17 клубови од Македонија со околу 400 пливачи.

Искрено сум возбуден што можеме да присуствуваме на првенство во пливање во Охрид, кој покрај сите епитети кои ги заслужува, се уште како ехо на минатото го носи и епитетот како пливачки град. –  истакна на отворањето на првенството градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

 

Посакувајќи им успех на натпреварувачите, Пецаков се осврна на изградбата на затворениот базен во Охрид, која се уште не е завршена.

Јас како некогашен ракометар, знам што значеше да се има соодветна спортска сала и уште повеќе ми е јасно, што значи за пливачите да имаат свој затворен базен. Но, состојбата е таква што ние се уште сме во очекување тој да биде конечно целосно завршен. И во такви услови, локалната самоуправа со расположливите ресурси кои ни се на располагање, се потруди да овозможи оптимални услови за одржување на првенството. Почитувани присутни, ве уверувам дека во моментот кога Охрид конечно ќе го добие толку посакуваниот затворен базен, нашиот град повторно ќе изнедри врвни пливачи, идни олимпијци, а Охрид за секогаш ќе стане симбол на македонското пливање. – рече Пецаков.

Охрид е домаќин на државното првенство во пливање по пауза од 20 години.

Охрид викендов живее со пливањето

Г.М.
Фото: А. Момироска