Празникот Илинден вообичаено е врв на туристичкиот шпиц во Охрид. Викендов најубавиот и најголем туристички центар во земјава се очекува да го посетат над 30.000 туристи. Слободни соби во хотелите и приватниот сектор речиси и да нема. На плажите нема каде игла да падне, а во рестораните и кафетериите се чека на ред за маса.


се чека на ред за маса

Празничниот викенд во кој се поклонуваме пред спомениците на Илинденското востание и АСНОМ, во Охрид по традиција привлекува голем број гости. Дел од нив овој Илинден имаат навистина голема причина да се тука. На ривиерата како никогаш досега гостуваат светски познати музички имиња и ди-џеи. Забавата ја отвори мегапопуларниот ди-џеј од Бруклин Дејвид Моралес кој настапи ноќеска на плажата Немо. Екипата на Ohridnews го улови Моралес на релаксација во Рибниот ресторан во центарот на Охрид. Дејвид Моралес јадеше салата и се освежи со сок и минерална вода подготвувајчи се за настапот пред охридската публика.


Дејвид Моралес(пие сок) во Рибниот ресторан

Вечерва на плажата во Далјан започнува Зум фестивалот на кој во наредните два дена ќе настапат триесетина ди-џеи и музички изведувачи.


Во Далјан Зум фестивал

Шлаг на тортата е концертот на рок ѕвездата Лени Кравиц на стадионот „Билјанини извори“ во недела од 21 часот. Покрај силните светски имиња и настани, исклучителна е понудата и на останатите охридски клубови,  дискотеки и плажи. И овој викенд се разбира во центарот на забавата ќе бидат пријателите на Ohridnews, дискотеката „Парк“ и плажата „Куба Либре“ кои без сомнение се најпосакуваната забавна дестинација во Македонија ова лето. Во „Парк“ викендов настапуваат DJ Power, DJ Juxell и DJ Mirko Popov. Опуштената атмосфера пак на плажата „Куба Либре“ викендов ја надополнува групата Day-Off.

Ohridnews