На свеченост што ќе се одржи вечерва во големата сала на Општина Охрид, ќе бидат прогласени најдобрите спортисти во Охрид во 2024 година.
Предвидени се признанија за најуспешните спортисти во индивидуални и колективни спортови, а традиционално ќе биде доделено и признанието за посебни заслуги во спорот – Спортска легенда.
Свеченоста почнува во 19 часот, а настанот ќе може директно да се следи на Охридњуз и на нашата платформа на Фејсбук.
Г.М.