В сабота на 29 март со почеток во 19 часот охридските ракометари против Металург Јуниор ќе го одиграат последниот натпревар од регуларниот дел во Супер лигата.
Овој меч нема да има никакво резултатско значење, но убедливиот пораз 38-22 во првиот натпревар треба да биде мотив повеќе за охриѓани за победа во дуелот со иднината на Металург.
Стратегот на Охрид, Горан Андоновски на располагање ги има сите ракометари и горат од желба со победа да им се заблагодарат на навивачите и публиката пред дуелите за опстанок во Супер лигата.
Мх.П.