Ракометарите на Охрид в сабота со почеток во 18 часот на домашен терен ќе го пречекаат составот на Металург во рамките од седматата рунда од плејофот во Супер лигата.


Натпреварот со второпласираниот тим на табелата во Супер лигата е претпоследен на домашен терен за охридските „гладијатори“ сезонава.

Охриѓани со една победа и пет порази се наоѓаат на петтата позиција на табелата, а за пласман погоре „гладијаторите“ мораат да извлечат поволен резултат со Металург.

Покрај овој меч во седмата рунда ќе се одиграат уште натпреварите Вардар – Работнички и Прилеп – Макс Струмица.

OhridNews