Ракометарите на Охрид в недела со почеток во 19 часот на домашен терен во дербито на колото во Супер лигата ќе го пречека тимот на Прилеп.


Охриѓани со триумф во супер дербито ќе направат голем исчекор кон местата кои водат во плејофот додека Прилеп ќе бара рехабилитација во Охрид по поразот од Работнички на домашен терен.

Охридските „гладијатори“ имаат половичен скор на домашен терен во два натпревари, но во еден од тие мечеви се сретнаа со Металург.

Двете екипи имаат по 12 бодови по шест одиграни натпревари и ја делат третата позиција на табелата во елитата.

Ohridnews