Охриѓани денеска ќе треба да полнат залихи од вода за пиење зашто вечер, еден час по полноќ, Меѓуопштинското јавно претпријатие ПРОАКВА целосно ќе го прекине водоснабдувањето. Вода нема да има во сабота до 15 часот.

Од претпријатието најавуваат дека  во овој период ќе се врши миење на цевките од водоводниот систем, но ќе се прават и интервенции на одредени места каде што има потреба од тоа.

Вода нема да има целиот град до Пештани, а намален притисок во водоснабувањето ќе има во селата Лескоец и Пештани.

Ohridnews