Општина Охрид успешно се претстави на годинешната манифестација „ЗЕЛС ЕКСПО“што од 15-17. овој месец се одржа во Скопје.

Овој своевиден саем на едногодишни остварувања на единиците на Локалната самоуправа, по шести пат го организира Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија -ЗЕЛС. На него на свои штандови општините ги презентираа економските, културните и другите достигнувања, како и остварените резултати во изминатата година.

Целта на манифестацијата беше да се разменат искуства и идеи во заложбите за локален развој преку деловни контакти, работилници и презентации.


достојна презентација на ЗЕЛС-ЕКСПО на општина Охрид

Општина Охрид се претстави со свој штанд на кој беа изложени занаетчиски експонати и производи на охридски фирми како и промотивни туристички материјали. На вториот ден од манифестацијата, терминот за получасовна презентација на ЗЕЛС, според посебно предвидена програма, охридската локална самоуправа го искористи за презентирање на постигнатите резултати, при што  свое обраќање имаше  градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

ohridnews