Охрид ги претстави своите потенцијали на првиот меѓународен саем за туризам што се одржа од 23-25 овој месец во Крагуевац, Србија.


Охрид успешно се претстави на туристичкиот саем во Крагуевац

На саемот на кој учествуваа педесетина туристички дестинации, Охрид се претстави на сопствен штанд на кој презентација вршеа вработени во Сектрот за туризам и локален економски развој. Оттаму саемот го оценуваат како корисен, бидејќи бил посетен од бројни телевизиски екипи и тур-оператори кои покажале интерес за Охрид. Настапот на саемот во Крагуевац е дотолку значаен и поради фактот што најбројни гости на охридската ривиера последните неколку години се токму туристите од Србија

Ohridnews
фото: Ohrid.gov