Планинарската трка Охрид Ултра Треил која требаше да се одржи од 14 до 16 мај е одложена поради многу сериозната епидемиолошката ситуација во Македонија, информираат организаторите.
Покрај епидемиолошката ситуација проблем е и полицискиот час, во кој натпреварувачите поминуваат поголем дел од трките.
Нов термин за одржување на Планинарската трка Охрид Ултра Треил е од 17 до 19 септември. Сите пријави се префрлуваат автоматски за новиот термин, а оној кој не може да учествува може да ги рефундира финансиските средства, – стои во соопштението.
Годинава на програмата има четири трки, што сигурно ќе ги задоволи побарувањата на сите посетители, кои доаѓаат од странство и Македонија. Најкратка трка е на 22 километри (Летница), потоа следуваат Самотска (40 километри), Галичица (66 километри) и најдолгата Охрид Ултра Треил која е долга 110 километри.
OhridNews