Во нов термин, од 18 до 20 септември ќе се одржи второто издание на Планинарската трка позната како „Ohrid Ultra Trail“. Организаторите за поместување од мај во септември, се одлучија поради хаотичната ситуација со коронавирусот.

Поради ситуацијата со коронавирусот Ковид-19, сите ние се соочуваме со вонредна ситуација која донесе невидени промени во нашето секојдневие.

Организациониот тим на трката Охрид Ултра-Треил® ја следи ситуацијата заедно со мерките преземени од локалните и светските власти со цел да се спречи и намали негативниот ефект од ширењето на вирусот и ударот по здравјето на луѓето и здравствениот систем.

Нашиот настан е закажан за 22-24 мај 2020 година, но од овој временски период ние не гледме можност за безбедно одржување на настанот на тој датум. Затоа донесовме одлука за презакажување на настанот – новата дата е на 18-20 септември 2020 година.

Датата е внимателно одбрана во однос на другите настани во трчање и планинско трчање низ регионот, но целосно сме свесни дека вонредната ситуација натера многу организатори да ги презакажат своите настани во есенскиот период такашто календарот за тој период ќе биде збиен.

За сите веќе пријавени тркачи, подготвивме три опции:

Трансфер на 100% од платената стартнина за презакажаната дата на трката Охрид Ултра-Треил® на 18-20 Септември 2020. Оваа опција е стандардна доколку не одберете поинаку;
Транфер на 100% од платената стартнина за следното издание на Охрид Ултра-Треил® 2021 година. Датата ќе биде околу 21-23 мај 2021.

Рефундирање на 100% од платената стартнина за 2020 година.

За да ги поедноставиме работите, ние ќе испратиме емаил известување со сите опции до регистрираните тркачи, а вие ќе може да ни одговорите на [email protected] со вашиот избор. – стои во соопштението од организаторите.

Во дебитнаското издание минатата 2019 година на Планинарската трка учествуваа над 150 натпреварувачи.

OhridNews