ГРК Охрид го совлада РК Куманово со 31:19, полувреме 19:9, во пријателскиот натпревар кој се одигра денес во салата „Билјанини Извори“.
Разликата во квалитет беше очигледна, а тренерот Алушевски шанса на натпреварот им даде на помладите играчи.
Вчера Охрид во контролен натпревар го совлада Прилеп 34:24. Следен подготвителен натпревар на Охрид ќе одигра во среда со Вардар, исто така во салата „Билјанини извори“.
Г.М.
Фото: Анамарија Момироска