Лидерот во Општинската фудбалска лига, Охрид со убедливи 8-0 ја совлада Воска во четвртфиналето од Купот.


Охридските бели победата и пласманот во најдобрите четири од Општинскиот куп го најавија со двата голови во првиот дел.

Во вториот постигнаа уште шест во мрежата на градскиот ривал, за убедливи 8-0 на крајот од натпреварот.

Полуфинален противник на Охрид ќе биде тимот на Сатеска, а мечот ќе го одиграат во Волино на 3 мај (вторник).

На Атина Бојаџи со почеток од 17 часот силите во вториот полуфинален дуел ќе ги одмерат Дебрца – Лакочереј.

Победникот од Купот во Општинската лига обезбедува директен пласман во Купот на Македонија следната сезона.

OhridNews