Со хуманитарен настан – „Done and Dusted“ и проекција на филмот „Searching for Sugar man“ во прекрасниот амбиент во предворјето на Св. Софија, деновиве беше заокружено третото по ред алтернативно културно-забавно лето на „Културолошка Иницијатива 5 до 12“.

Беа реализирани 10 настани распоредени во 2 месеци. За жал, последните 2 настани, летното кино со автомобили и претставата „Ти во седум бои“ одлучивме да ги откажеме поради новите мерки и протоколи, па затоа ја заокруживме приказната симболично со комбинација од 2та настани. – информираат од „Културолошка Иницијатива 5 до 12“.

Во годинешната програма се реализираа добропознатите настани: „Ој љубов, љубов“ – староградска пловидба со Ансамбл Билјана ; Free Spirit Day – Скејт контест ; Sail O’clock – едриличарска регата, Sunrise coffee w/ Shilla – кафе на изгрејсонце; Имам нешто да ти кажам – поетска вечер итн.

Сакаме да се заблагодариме на сите кои придонесоа во остварување на овогодинешната програма, почнувајќи од нашите фамилии, пријатели, другари, па помагателите и спонзорите, соработниците, техниката, логистика, видео и фото продукција, најдобрите волонтери и публиката која присуствуваше на нашите настани. Се надеваме дека повторно барем за една нијанса го подобривме секојдневниот живот на охриѓани и гостите кои ги посетија настаните, дека нашата порака беше пренесена, гласна и јасна и само докажуваме дека остануваме доследни во нашата борба за местото во кое твориме и живееме. Преку културна револуција до еволуција. Следен чекор МКЦ. Културата расте со младите. – порача тимот на „Културолошка Иницијатива 5 до 12“.

Охрид трета година по ред пулсираше со Алтернативното културно забавно лето

OhridNews
Фото: А. Момироска