На прашањето кои се адутите на Охрид во оваа туристичка сезона, 305 анкетирани или 20 проценти ги посочуваат плажите. За културно-историското наследство гласале 154 или 10 проценти од вкупно анкетираните, а за ноќниот живот 125 граѓани или 8 проценти. За фестивалите и културните збиднувања се одучиле само 68 анкетирани или 4 проценти.
338 читатели или 22 проценти сметаат дека плажите, културно-историските збиднувања и ноќниот живот заедно ги чинат адутите на Охрид во текот на оваа туристичка сезона.