-Под итно треба треба да се превземат мерки за подигање на свеста кај граѓаните за јавната чистота, треба да се подобрат хигиенските услови во угостителските објекти, треба да се обнови возниот парк и патната инфраструктура која е застарена и неодржана. Треба да се зголеми бројот на авионските линии на охридскиот аеродром и да се возобнови лошата патна инфраструктура од Скопје до Охрид.-беше потенцирано на трибината.
Со особено внимание дискунтантите на трибината ја отворија темата за проблемите во водниот сообраќај во Охридското Езеро. Тука беше нагласена потребата од соодветно место за закотвување на пловните објекти во Охрид. Исто така се разговараше и за можноста, Охрид да го посетуваат туристи во текот на целата година, а не само преку летната сезона.
-Потребно е да се посвети внимание на туристите кои доаѓаат во Охрид и надвор од туристичката сезона. Перспективата за развој на туризмот во Охрид ќе се постигне со координирана работа помеѓу локалната и централната власт, создавање на една заедничка стратегија за туризмот.-потенцираа туристичките работници од Охрид.
На трибината свое учество зедоа претставници на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, претставници на Секторот за локален и економски развој при Општина Охрид, Асоцација на туристички агенции на Р.М., Агенција за поддршка и промоција на туризмот Здружението на бродари и бродски работници, Здружение на туристички водичи од Охрид Охридскиот Црвен крст, Асоцијација на алпинисти на Македонија, СРЦ Билјанини Извори и голем број граѓани на Охрид.